#ДалиЗнаевтеДека денес постои само едно останато црешово топче од Илинденското востание и истото се чува во Воениот музеј во Истанбул, Турција? 🙂
📌 Црешово топче било артилериско оружје кое во целост било направено од цреша или од багрем.
Тоа нема значајна борбена вредност, бидејќи дрвото се распрснувало под дејство на експлозијата после само неколку истрели.
Вакви топчиња биле произведувани непосредно пред Илинденското востание;
📌 Црешовото топче денес е легендарен симбол на решителноста на слабо вооружените востаници да се спротивстават на далеку помоќниот непријател за слободата на својата земја;
📌 Дрвените топови најчесто биле правени од див бадем и дива цреша кои биле многу цврсти, особено кога се суви.
За изработка на топови се земале најдебелите и најправите трупци од дрвото. Трупецот се длабел за да се добие форма на цевка. Однадвор се засилувал со метални обрачи;


📌 Една од причините поради која се распрснувале дрвените топови е тоа што по истрелот топот не бил чистен и тогаш во следното истрелување неминовно доаѓало до распрснување на топот. Дострелот на овие топови главно изнесувал 400 до 500 метри;
📌 Непосредно пред Илинденското востание, Крушевското горско началство одлучило да се направат топчиња од дрво.
За таа цел Тодор Христов направил специјална скица, а Никола Карев го повикал војводата Цветко Стојчев од селото Селце и му наредил според скицата да направи топ.
Цветко со Тодор Борјар и други мајстори од арсеналот во Селце исекле две големи цреши и направиле 7 трупци. Бидејќи немало време, трупците ги ставиле да се сушат на жешкото јулско сонце, па суровите црешови трупци се распукнале.
Трите позачувани трупчиња ги засолниле под сенка, од кои уште недосушени, направиле три црешови топчиња. Црешовите топчиња од Селце биле долги 150 см, тешки околу 20 килограми, при дното и при врвот биле оковани со железни обрачи. Се полнеле со крупен барут, а како топовски зрна биле употребувани ѓулиња од кантари;


📌 Непосредно пред и во текот на Илинденското востание во 1903 година за период од два месеца вкупно биле направени 17 црешови топови. Сите дрвени топови имале различни димензии. Должината им била од 80-150 см, тежината од 20 до 70 килограми;
📌 Меѓу првите, по сопствена иницијатива, црешов топ направил и монахот Григориј од манастирот св. Јован Бигорски. Вакви црешови топчиња биле правени и во други краеви, како во Кичевско, Охридскиот регион, Дебрца и.т.н;


📌 Единственото црешово топче кое го преживеало востанието е она што во 1903 турскиот аскер го заробил по битката со востаниците кај месноста Слива, Kрушевско, откако цела востаничка чета загинала бранејќи ја отстапницата во збегот на населението од Крушево. Тоа црешово топче тогаш Турците го пренесле во Воениот музеј во Истанбул и таму се наоѓа до денес.
Во 2003 година, по повод 100-годишнината од Илинденското востание, Црешовото топче од музејот во Истанбул било позајмено на три месеци за изложба во Музејот на Македонија;
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН ❤💛❤💛


Преѕемено од групата Патувања во МК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.