Турбо-фолк пејачката Дара Бубамара пред неколку месеци го налути Балканот кога државните училишта ги нарече селски и додаде дека нејзиниот син посетува приватно училиште во кое не оди заедно со „глупавите селски и љубоморни деца“.

Како што пишува Kurir.rs, синот на Дара посетува настава во најпрестижното приватно училиште во Нови Сад, во кое годишната школарина изнесува 5.000 евра.

Училиштето поседува тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште, сала за спортски активности, училници со најнова и најмодерна опрема, и приватен доктор во самото училиште.

Во цената е вклучена и целодневната настава од 8 до 16 часот, а постои и можност професорите по наставата да учат заедно со децата.

Освен тоа, пресметани се и оброците, овошната ужинка, ручекот и слатката ужинка. Во училиштето постојат четири мениа кои се прилагодени на децата, а на нив се наоѓа и руското национално јадење брошч и овошен сок.

Постои и можност за превоз во мини комбиња на релација дом-училиште, училиште-дом.

Дара пред три месеци одговори на прашањето на новинар дали Коста доживува непријатности во училиштето бидејќи е дете на познат родител.

 Не тој не оди во овие селски училишта, туку во приватно училиште, каде одат и децата на други успешни родители, политичари и спортисти. Таму нема глупави и љубоморни селски деца, туку паметни кои знаат која е Дара Бубамара. Тоа се деца кои велат „Твојата мајка е супер!“ Мојот Коста во тој случај на некого би му залепил шамар и би му рекол: „Не ми се обраќај повеќе“. Психички е силен, ги знае сите проблеми кои ги има неговата мајка и за тоа сме разговарале многу пати. Имаме отворен однос, изјави Дара Бубамара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.