Научници од Шведска направиле истражување кое покажало дека големината на вашите стапала, односно бројот на чевли што го носите кажува колку долго ќе живеете.

Со ова истражување почнале уште во 1987 година, а во него учествувале околу 800 мажи и жени, а направиле и нова студија која вклучува неколку илјади учесници.

Користевме податоци и споредувавме луѓе низ цела Шведска. Го проучувавме времето на смртта, како и причината и откривме дека големината на стапалата е поврзана со тоа колку долго живееле. – вели Др. Ханс Бјорс, епидемиолог од Стокхолм.

Сепак, истражувачите наведуваат дека е можно луѓето да живеат подолго од она што големината на нивните чевли го вели, но само ако прифатат здрав стил на живот, со посебно внимание кога станува збор за храна и вежбање.

Научниците направиле табела на опсег на должина на животниот век во однос со големината на стапалата.

Луѓето можат да живеат и подолго од она што го вели табелата, но само ако се ориентираат кон здрав начин на живот.

За да пресметате колку години имате со помош на чевлите, следете ги упатствата:

1. Земете го бројот на чевли што го носите.

2. Тој број помножете го со 5.

3. Добиениот број помножете го со 20.

4. На тоа додајте која година е сега (2019).

5. Од тоа одземете ја годината на своето раѓање и ќе добиете четвороцифрен број.

Првите две цифри се бројот на вашите чевли, а другите две се колку години имате.

Пробајте!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.