Третиот најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација е добро познат по неговите фудбалски вештини, но овој Божиќ, Линекер расположи многу корисници на социјалните мрежи кои не го сакаат Доналд Трамп.

Сегашниот коментатор, кој е многу активен на Твитер, синоќа неочекувано испрати одговор на твит на американскиот претседател.

Дали се шегуваш, му пишува Линекер на Трамп откако американскиот претседател напиша дека Америка е повторно почитувана.

Коментарот на Линекер е напишан на руски јазик, а на корисниците на социјалните мрежи кои не се согласуваат со политиките на Трамп, навистина им се допадна оваа реакција на Англичанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.