За едно четиричлено семејство да летува во Грција потребно е да плати дури 680 евра, само за тестовите за корона, кои се задолжителни да се премине границата.

Имено при тргнување од земјата, сите членови на семејството ќе мораат да се тестираат, што чини околу 50 евра по лице.

Потоа истото ќе мораат да го направат при тргнување од Грција, само што во оваа земја, тестот чини неверојатни 120 евра. Така се доаѓа до сума од 170 евра по лице, односно 680 евра за четиричлено семемјство само за влез и излез од земјата. На тоа треба да се додаде сместувњето, патот, храната и парите за таму, па кога се ќе се собере, повеќе е од јасно дека е потполно неисплатливо оваа година да се летува во Грција.

За се да биде уште полошо, се уште не се знае дали ќе има дополнителни компликции за сите оние кои летуваат во странство, а веќе се најавуваат и посебни мерки на плажите и во хотелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.