Анџелина Џоли (44) е константно на мета на поранешните блиски луѓе кои постојано во јавност изнесуваат непријатни приказни за славната актерка.

Дадилката која со децата на Анџелина била буквално 24/7, открива за магазинот „ОК“ дека актерката не може да ги воспита своите деца и дека се целосно надвор од контрола.

Таа е мајка која е постојано отсутна поради своите секојдневни проблеми и кариерата, нема доволно време да  им се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст – вели дадилката.

Додека Бред Пит живеел со Анџелина и семејството, имало ред и мир.

Дадилката рекла дека актерката е премногу склона на консумирање алкохол, а тоа им го дозволува дури и на децата.
Потсетуваме, Анџелина во една прилика изјави дека секоја вечер таа им пее на своите деца приспивни песни и дека домашните задачи и образованието на децата се нејзин приоритет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.