Милица Тодоровиќ кога дознала дека нејзиното поранешно момче Петар Стругар бил нападнат од вработен веднаш го посетила актерот, па следило и смирување на парот, пишуваат српските медиуми.

Наводно, Милица кога дознала што му се случило на Петар веднаш заминала во Белград.

Петар воопшто не помина добро, се сомневаме дека ќе мора да оди на операција. Многумина беа во шок, а Милица веднаш го побара. Разговараа долго време, а потоа таа одлучи да го посети. Му кажа дека е тука што и да потреба и да не се сомнева да ја побара за помош. Бидејќи долго време не се видоа, сфатија дека би било убаво да си дадат уште една шанса, па се смирија. Тој виде дека Милица многу се грижи за неговото здравје и тоа многу му значеше,  вели другарка на пејачката и додава дека Тодоровиќ се расплакала кога видела колку е сериозна работата.

Кога го виде беше во шок од повредите бидејќи тогаш лицето му беше модро. На Петар му беше мило што Милица е до него и што уште еднаш покажа дека се грижи. Отогаш се слушаат често, таа го прашува дали му треба нешто, а и да не му треба тој вели дека има потреба од нешто за да може да поминат повеќе време заедно, вели изворот.

Милица и Петар се уште не се огласија по повод пишувањата дека се повторно заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.