Скопјанката Снежана Караџовска во сообраќајната несреќа која се случил пред две и пол години во Турција, остана без двете нозе. Да може да се оперира во Утрехт, Холандија, на неа и е потребна финансиска помош. Може да се донира на телефоните: 143-191 (Телеком), 143- 478 (ВИП) или преку сметка која може да видите во нејзиниот пост.

Снежана беше повредена во спетември 2016 година кога македонски автобус на фирмата Бога Транспорт полн со туристи се судри со камион. Таа живее во зграда во која нема лифт, па излегувањето од дома е невозможна мисија. Побарала помош од Општина Карпош но оттаму добила одговор дека ќе добие 2.000 евра за лифт доколку ги обезбеди останатите 12.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.