Македонското здружение за култура, обичаи и традиции ,,Гороцвет” од Скопје, на 29 Ноември 2022 година, во периодот од 12 до 14 часот ќе изведе уличен арт перформанс, во кој ќе бидат вклучени преку дваесеттина уметници, поети, просветни работници, новинари, ученици кои на подарок добиле слика од реномираниот уметник и хуманист Живко А. Поповски Цветин, а добредојде и се и сите кои добиле цветен цртеж да дојдат и да го изложат.


Перформансот ќе се состои во спонтан собир на учесниците на улица Македонија, пред спомен куќата на Мајка Тереза, ќе ги каде ќе бидат изложени сликите кои уметникот им ги подарува, додека пак тој ќе ја изложи својата ,,ЦВЕТНА ПАТЕКА НА МИРОТ” долга 101 (сто и еден) метар.
Ова е традиционална средба, која се одржува неколку години на улица Македонија во Скопје, по повод Денот 29 Ноември , кога бил и првиот јавен настап на овој уметник.

Откако во моето село Брезово завршив од прво до четвртто оделение, потоа, со оглед дека и татко ми беше сезонски работник во Монополот во Демир Хисар, до 8 одделение учев таму, и имав голема привилегија што воспитувач ми беше Коста Хаџи Антоновски од Битола, кој подоцна ја основа „Мал Битолски Монмартр”, манифестација позната во светски рамки. Јас сум најстариот ученик на Коста и често ме гледаше како моите соученици и другарчиња од интернатот доаѓаат кај мене и ми даваат листови со бои и се што треба четки да им сликам нешто да им нацртам за утре да добијат петки, на час по ликовно. И еден ден ми вели: Живко ќе ти дадам една задача на празникот „29 Ноември”, на Денот на Републиката на табла со креди да гонацрташ грбот на државата. Јас од почеток некако бев збунет, меѓутоа тој ме убедуваше дека нема да биде тешко дека ќе вежбам една недела пред тоа и дека ќе успеам убаво да го нацртам. Се согласив, и покрај големата трема, вежбав и дојде времето за да се појавам на таа манифестација во училиштето „Гоце Делчев” пред огромна публика, затоа што во тие места таквите настани се доста посетени. И првата точка беше посветена на мене. Јас мал низок се појавувам на бината и Коста, кој беше голем педагог им вели во публиката да се изгаси струјата во салата. Се изгасна струјата, настана штама, мене ми одговараше мислејќи дека никој не ме гледа, тој ми даде едно столче да се поткачам да ја дофатам таблата. Така се случи Грбот на Југославија да го нацртам за многу кратко време, се симнувам од столчето, одам кон публиката и грмнува еден силен аплауз. Завршува приредбата, јас го гледам цртежот симетрично поставен, со сите елементи, па сфатив дека аплаузот е заслужен, се потсетува денес познатиот уметник…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.