Поглаварот на Српската православна црква, српскиот патријарх Иринеј (90), вчера беше  погребан во криптата во Храмот Свети Сава во Врачар.
Литургијата започна во 9 часот, во централниот дел на храмот, каде што беше изложено телото и го служеше митрополитот Дабро-Босански Златоуст.

Пред погребот, во моментите додека траела молитвата над починатиот партијарх, во храмот  влетал гулаб. Скоро на сите присутни верници кои дошле на литургијата да се простат од упокоениот поглавар на СПЦ, глетката на гулаб со раширени крилја кој се свртел кон фреската на  Исусовото распетие, оставил голем впечаток. Тие немале никкав дилема дека тоа е божји знак.

Нека душата на нашиот партијарх полета како гулаб во прегратката на Исус, каде го чекаат другите архиепископи и патријарси – рекол свешеникот, кој го искоментрирал појавување на птицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.