Стефани Смитвајт (40) била чувар во најастрого чуваните затвори во Дурхам, на североисткот на Англија.

Таа била маѓепсана од затвореникот Куртис Ворен, гагстер чие име го тетовирала, а служел затворска казна од 23 години поради криумчарење дрога.

Таа му праќала љубовни писма, а направила и дупка на панталоните за да може да има секс со него додека е на должност.

На судење таа ги дематирала овие наводно, но судијата рекол дека тешко е да се замисли друга причина за да има дупка на тоа место.

Вашето однесување претставува кршење на довербата која граѓаните ја имале во вас, рекол судијата и ја осудил на две години затвор.

Аферата со затвореникот траела шест месеци, од јуни до декември минатата година, а имале секс во кујната , пералната и во ќелијата.

Истражувачите откриле дека еден на друг се јавиле повеќе од 200 пати за тој период.

Се сѐ одвивало во затвор каде се наоѓаат некои од најлошите убијци во Британија. Персоналот во затворот се посомневал дека нешто се случува откако виделе дека Стефани му дава нешто на затвореникот, а тој неа и враќа ливче хартија.

Тогаш откриле и други пораки кои си ги праќале, а повеќето од нив со еротска содржина.

Во домот на Стефани се пронајдени 450 писма со еротска содржина, а во автомобилот имала и мобилен од кој вртела само еден број и тоа бројот на затвореникот.

На судот рекла дека била очајна, но се надева дека нивната врска може да продолжи надвор од затворот.

Таа на затвореникот тајно му носела дрога и му откривала тајни од сигурносниот систем на затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.