И посакувам сè најдобро, едвај чекам да ја запознаам, што се надевам дека ќе биде наскоро“, изјави Кејт пред новинарите за време на посетата на училиште во друштво на првата американска дама Џил Бајден, на маргините на Г7 самитот.

Цел свет зборува за нивното непријателство, па оваа изјава отвори низа прашања: Како би го видела бебето кога тие не се во добри односи, а ниту пак Меган е добредојдена во семејството?

Лилибет Лили Дајана Маунтбатн-Виндзор, именувана по бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, се роди пред една недела во болницата Санта Барбара во Калифорнија.

Родена е скоро година и пол откако Хари и Меган ја објавија намерата да се повлечат од кралските должности, предизвикувајќи голема криза во кралското семејство.

Односите меѓу членовите на кралското семејство дополнително се влошија во март кога еден од нив, иако неименуван, е обвинет за расистички изјави против синот на принцот Хари, малиот Арчи.

Проблеми се појавија и откако Меган Маркл призна во интервјуто на Опра Винфри дека членовите на кралското семејство целосно ги игнорираат нејзините молби за помош поради самоубиствени мисли, кои честопати и паѓале на ум за време на нејзиниот живот во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.