Непоредно пред избивање на пожарот во париската катедрала Нотр Дам снимена е фотографија која ги запали социјалните мрежи.

Имено еден час пред разорниот пожар да ја зафати познатата париска катедрала Нотр Дам, татко и ќерка се фотографирани како весело играат пред историскиот споменик, а фотографијата оттогаш стана вирална.

Фотографијата е снимена пред заоѓање на сонцето и пожарот кој го осветли париското небо и кој е локализиран околу 3 часот утрото, откако ја проголата кулата, а набрзо и целиот кров.

Брук Виндзор вели дека ја направила фотографијата на татко и ќерка кои уживале пред 850 години стариот споменик, кој годишно го посетуваат околу 14 милиони туристи.

За малку ќе му пријдев на таткото и ќе го прашав дали ја сака фотографијата. Сега би сакала да му пријдов. Твитеру, ако имаш некоја магија помогни ми да ги пронајдам и да ја добијат фотографијата која никогш веќе нема да биде направена – напишала таа, а нејзиниот пост станал вирален.

Таткото се уште не е идентификуван, но фотографијата заврши во бројни медиуми и веројатно прашање на време е кога ќе биде пронајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.