Жител на градот Ред Хил во Квинсленд, Австралија, добил џекпот благодарение на комбинацијата што неговото семејство ја уплаќа повеќе од 50 години. Џекпотот е во вредност од над 700.000 австралиски долари.

Среќниот добитник го купил лозот за извлекувањето од понеделникот, 17 август. Ги внел вообичаените лото-бројки и за првпат во 50 години ги погодил сите.

Тоа се некои од датумите на раѓање на луѓето од моето семејство, но и други броеви – изјави среќниот добитник.

Тој не соопшти како планира да ги потроши парите.

Претходно, жител на градот Рокхемптон, исто така во сојузната држава Квинсленд, добил награда од над 300.000 австралиски долари, а притоа ги впишал броевите со кои 40 години учествувал на таа лотарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.