Весникот „Мејл он сандеј“, неделно издание на „Дејли мејл“, објави дека „енергично“ ќе се брани од тужбата на сопругата на принцот Хари, Меган, војвотката од Сасекс, која таа ја поднесе поради објавувањето на едно од нејзините приватни писма без дозвола.

Весникот објави дека „останува на дадената приказна“, која се однесува на објавувањето на писмото на Меган до нејзиниот отуѓен татко.

Особено категорично негираме дека писмото на војвотката е редактирано на каков било начин за да се промени неговото значење – се вели во изјавата на таблоидот.

Адвокатската фирма „Шилингс“, која ја застапува војвотката од Сасекс, поднесе тужба против весникот поради наводна кампања на објавување неточни текстови што нанесуваат штета на нејзиниот углед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.