Премиерот Борис Џонсон е позитивен на тестот за коронавирус, соопшти Даунинг стрит.

Тој има лесни симптоми и ќе биде изолиран во неговата резиденција.

Тој беше тестиран за коронавирус по личен совет на главниот медицински офицер на Англија, професорот Крис Вити – се вели во соопштението.

Британскиот премиер ќе биде изолиран, но сепак ќе продолжи со обврските како одговорен за справувањето со кризата со новиот вирус од страна на владата, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.