Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро, кој е позитивен на корона вирус се изолираше на неговиот имот. Тој е фотографиран со маска на лицето како ги храни ноевите на имотот, меѓутоа, неговото дружење со големите птици не помина добро.

Еден од ноевите очигледно добро го „каснал“ бидејќи контраверзниот бразилски претседател е „уловен“ како со болен израз на лицето ја тресе раката.

Болсонаро, инаку, се пожали дека му е „смачено“ од карантинот и најави дека ќе се врати на работа веднаш откако ќе добие негативен тест.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.