Семејството на српскиот рапер Далибор Андонов Гру кој трагично го загуби животот во вода во Земун при страшна несреќа со кајтбординг, е скршено од болка и завиено во црно. Неутешните членови на неговото семејство не можат да се помират дека Гру веќе го нема, а меѓу нив е и постариот брат на Гру, Игор, кој го молел кобниот ден да не оди во реката.

Брате зошто не ме послуша, зошто не остави, врати се веќе никогаш нема да те пуштам”, лелекал тој во семејната куќа.

Наводно Игор и Гру се виделе три часа пред несреќата во едно кафуле и тој го молел да не оди во реката на кајтбординг, но српскиот рапер сепак не го послушал и одлучил да замине.

Инаку, Гру зад себе остави сопруга и два сина. Фатални за него биле скршениците на кичмата од ветрот кој го кревал во воздух и силно го спуштал во вода каде тој се давел. Се било готово за 20 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.