Сара Мејс си ја отвори душата и за прв пат во јавноста во емисијата „Жешко столче“, проговори за кризата во бракот со водителот Димитар Атанасовски.

Не ни одеше. Да речам имавме една брачна криза, тоа беше лани. Неколку месеци морам да признаам беше тешко. Беше да се биде или не. Сега вака после една година не можам да бидам сигурна и да го детектирам проблемот, ама мислам дека и на двајцата ни беше голема промена моментот кога станавме родители. Улогата да бидеме родители ни дојде отповеќе, ни беше нејасно, бевме збунети…, рече во својата прва интимна исповед Сара и додаде дека и покрај се многу е благодарна за се што и се случило бидејќи и било голема животна лекција.

Научив како да ми е поубаво на самата себе, како да му е поубаво на моето семејство, како повеќе да ги разбирам другите…, додаде Сара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.