Пејачот Џон Бон Џови во вторникот сними музичко видео на пешачкиот мост Џон Сејгенталер во Нешвил, Тенеси. Во еден момент видел жена како стои на работ од мостот, па и пришол и почнал да разговара со неа.

 

Полициската управа во Нешвил сподели снимка од надзорните камери на кои се гледа како музичарот и приоѓа на жената и разговара со неа неколку минути. Пејачот успеал да ја спречи жената да скокне од мостот и со помош на случаен минувач ја однеле на безбеден дел од мостот.

Снимката почна да кружи на социјалните мрежи. Видеото се појави и на YouTube, но платформата оттогаш го отстрани.

Инаку, Бон Џови има фондација наречена JBJ Soul Foundation, која им помага на луѓето во криза, од глад до бездомништво. Многу обожаватели ја пофалија неговата реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.