Руските близначки Аделја и Алина Фаткеева (24) предизвикаа бес на социјалните мрежи откако објавија, а потоа избришаа видео на кое хранат бездомник за да освојат ајфон.

На видеото се гледало како богатите близначки во скапа гардероба бараат бездомник и го наоѓаат Јури Засорин, кој 28 години живее во количка по улиците на Москва.

Потоа девојките се јавуваат на мобилен и од скап ресторан нарачуваат суши и го хранат кутриот човек.

На крајот на видеото, кое е веќе избришано, бездомникот им се заблагодарува на близначките и вели дека има уште луѓе со добро срце. Ова видео предизвика бес на социјалните мрежи, зашто богатите девојки не го хранат Јуриј зашто се добри, туку за да освојат ајфон.

Тие учествувале на предизвикот “We care”, во кој главни награди се ајфони и плеј стејшн 4.
Се огласија и од ресторанот за суши, кои велат дека веќе никогаш нема да примаат нарачки од близначките кои бездушно го искористиле бездомникот.

Јури бил градежен работник до пред 20 години, а од 2013 е во количка како последица на долгогодишното живеење на улица.

Близначките се инаку многу активни на Инстаграм и објавуваат фотографии од нивниот гламурозен живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.