Фолк пејачката Благица Павловска наполни 63 години. Пејачката сподели фотографии од роденденската атмосфера и се пофали со подароците што ги добила. Повеќето од нив беа торти покриени со икони. Пет од роденденските торти на пејачката беа украсени со ликовите на дел од христијанските светци, Бог и Пресвета Богородица, а шестата торта беше украсена со виолетови рози и фотографија од пејачката. На една од тортите пишува Бог е љубов.

Меѓу гостите на прославата за нејзиниот роденден, беше и нејзината добра пријателка, водителката Лила Филиповска.

Инаку, Благица Павловска своевремено беше Хаџипавловска, но подоцна го врати презимето во Павловска. Пејачката често говори за нејзината верба во Бога.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.