Додека голем број жители на Тајланд ја одбележуваат Нова година со огномет, стотина верници одат во храмот Такиен во предградие на Бангкок за да лежат во мртовечки сандаци во текот на традиционалниот ритуал.

Учесниците на бизарната церемонија веруваат дека тоа ја симболизира смртта и повторното раѓање и оти тоа им помага да се ослободат од лошата среќа, како и оти тоа ќе им донесе нов почеток во следната година.

За време на обредот тие во рацете држат цвеќе и темјан, додека свештениците ги покриваат со розови чаршави и при тоа изговараат молитви.

Мнозинството Јапонци за Нова година ги посетуваат манастирите и светилиштата, а околу 30.000 од нив 2019 година ја дочекаа гладајќи боксерски натптевар меѓу Флојд Мејведер и кикбоксерот Тенџин Насукаве.

Во Кина Нова година се одбележува воглавно во централните провинции, а за Кинезите е многу позначајна кинеската Нова година, која е во февруари, а се дочекува првенствено во храмовите со ѕвонење и молитви.

Во Русија Нова година се дочекува во 11 временски зони, додека граѓаните на Париз и туристите се собираат на Елисејските полиња.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.