Тами Перо (63) била на плажа кога од силен ветер ненадејно се откачил чадорот и ја усмртил.

Една жена во Јужна Каролина починала на плажа откако чадор и ги пробол градите во силни налети на ветер.

– Тами Перот била на плажата Гарден Сити кога чадорот се откачил и паднал врз неа – им изјавила на новинарите заменик-началникот на округот Хори Тамара Вилард, пренесува Мондо.

Болничарите кои не биле на должност тргнале во акција и се обиделе да ја спасат Перот додека чекале да пристигне брзата помош, рекоа официјалните лица.

Сепак, жената починала околу еден час подоцна во болницата „Тајдлендс Вакамау“ од повреда на градниот кош.

Фаталните повреди од чадори не се невообичаени. Зашилениот крај на чадорот може да биде смртоносен ако се откачи при налетите на ветерот, соопшти американската Комисија за безбедност на потрошувачки производи.

Федералната агенција проценува дека чадорите повредуваат околу 3.000 луѓе секоја година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.