Моментот на бизарна несреќа бил уловен од камерите за надзор во кинескиот град Харбин, во североисточната провинција Хејлунгџанг. Додека Гао Фенгуа го шета својот златен ретривер, мачка паѓа од високите катови на една зграда и удира во неговата глава, по што тој паѓа како покосен.

Додека тој лежи онесвестен, неговото куче ја приклештува мачката во ќош.

Фенгуа поминал 23 дена во болница, по што неделава беше пуштен, но сепак ќе мора да уште долго да се опоравува со помош на физикална терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.