Бизарен тренд се шири во Белика Британија. Полицијата во Лестершир пријави напади врз нивните службеници со плукање и кашлање среде пандемијата. Овие инциденти се случуваат откако коронавирусот почна да се шири во Велика Британија.

Во текот на првите три месеци од карантинот во Лестершир се пријавени 205 случаи при што прекршителите плукале и кашлале кон полицајците, пренесе РТ. Тоа е за дури 102 отсто повеќе во споредба со 101 таков инцидент минатата година.

За виновни се прогласени 38 прекршители, во однос на 20 колку што ги имало во 2019 година. Минатата година во Лестершир не можело да се слушне за закана за полицијата со кашлање, наведува РТ укажувајќи дека порастат на такви инциденти го следи националниот тренд.

Од Скотланд Јард наведуваат дека до пораст на таквите напади дошло при масовните протести и рации на рејв забавите. РТ укажува дека слични инциденти се случуваат ширум светот среде пандемијата, меѓу кои се и оние кога тинејџери им кашлаат на постари лица во Шведска и жена од Сан Хозе која кашлала врз бебе за нејзината мајка да држи дистанца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.