Видео на кое девојка се затрчува и со ногата удира во канта за отпадоци, само за забава, ги разбесни битолчани.

Видеото беше објавено како „Инстаграм“ приказна, а откако стана вирално, избришан беше и самиот профил на социјалната мрежа. Но, видеото претходно беше зачувано и масовно се споделува по социјалните мрежи.

Во видеото се гледа девојката која два пати го повторува истиот прекршок, а потоа и се смее.

Битолчани бесно коментираат дека ова е лицето на денешната младина и повикуваат на секакви казни за девојката во видеото, но и за оној што ја снимал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.