Бил Гејтс на работа доаѓаше со „мерцедес“, а потоа ќе заминеше со златно „порше“, што му го довезуваше асистентот, тврдат неговите соработници, кои сметаат дека тоа било тактика за да се среќава со други жени додека бил во брак.

Претпоставувавме дека тоа го прави кога оди да најде со другите жени. Исто така знаев дека тој често оди на некои состаноци што не беа наведени во неговиот календар – рекол еден вработен во „Мајкрософт“ за „Венити фер“.

Инаку, Гејтс е познат како страстен колекционер на автомобили со посебна страст кон „порше“.

Вработените во „Мајкрософт“ морале да потпишат и договори за доверливост и тајност според кои им е забрането да зборуваат за начинот нa кој Гејтс управувал со компанијата.

Во мај, „Њујорк тајмс“ објави дека Гејтс често им се додворувал на жените кои работеле за него додека тој бил претседател на „Мајкрософт“. На една вработена наводно ѝ испратил мејл со покана за вечера, додека друга, наводно, ја поканил на состанок додека биле заедно на службено патување.

Неколку сегашни и поранешни вработени во „Тајмс“ тогаш откриле дека овие инциденти довеле до создавање на непријатно работно опкружување, а личниот живот на Гејтс станал мета на озборувања меѓу вработените.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.