Зико Олдам (20) од Велика Британија може да се пофали дека е човекот кој се занимавал со трговија со дрога најкратко време во светот.

Олдам беше уапсен минатата година за време на состанок со неговите први клиенти, помалку од 10 минути откако излегол на улица, пишува „Мирор“.

Полицијата во цивилна облека ги видела трите сомнителни момци „како се обидуваат да завршат нешто“ и веднаш им ставила лисици на рацете. Кај Олдам пронашле 90 фунти во готовина, како и хероин и кокаин со вкупна вредност од околу 610 фунти. Во џебот имал и два мобилни телефони, а едниот бил наменет за повици на клиенти.

Излегува дека тој успеал да добие само еден повик на тој специјален мобилен телефон, а тоа било од момците кои биле уапсени заедно со него.

Неговиот адвокат Џој Мерием, бранејќи го на суд, изјавил дека Зико е „нов во бизнисот“ и дека веднаш стигнал до крајот.

Неговата мајка дури мисли дека сè е наместено за него, бидејќи тој беше уапсен по само 10 минути – изјавил адвокатот на судењето.

За ова дело тој е осуден на две години затвор. Олеснителна околност е дека ова е негово прво запишано кривично дело.

Сепак, судијата бил лут што „здрав и исправен млад човек, кој самиот не консумира наркотични средства, решил да труе деца за да заработи нешто“. Затоа, наместо условна казна, изрекол затворска казна, со надеж дека Зико ќе се „освести“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.