Непишано правило е дека кога си поканет на венчавка треба внимателно да одбереш што ќе облечеш за да не ја засениш невестата, но во случајот на Кајли Џенер тоа очигледно не важи. На венчавката на Џастин и Хајли Бибер, Кајли се појавила во златен фустан на австралијанскиот дизајнер „J’Aton Couture“ кој привлекол премногу внимание.

Нејзините, како и фановите на Бибер ја обвинуваат дека е непристојна поради намерата да ја засени невестата.

Фустанот на Кајли е легендарен, ама да го облечеш на нечија венчавка – во тој момент покажуваш отсуство на почит, напишал еден корисник на Твитер, а друга корисничка додала дека ако некоја жена на нејзината венчавка би се појавила во таква креација, би ја исфрлила, ама прво би ѝ истурила црвено вино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.