Градоначалникот на мексиканскиот град Фронтера Комалапа, Оскар Рамирез, бил врзан за дрво со јаже од лути локални жители.

Имено, инцидентот се случил додека Рамирез и презентирал на јавноста „серија проекти“ што претходно им ги ветил на локалното население, меѓутоа, претставници на 11 општини го опколиле и се соочиле со бројни прашања.

Како што наведуваат, тие се многу незадоволни затоа што проблемот со водата за пиење не е решен.

Тој ни вети дека ќе има пристојна работа за луѓето од Комалапа, но сè беше лага затоа што водоснабдувањето не работи добро. Тоа е голем проблем што мора да се реши на вистински начин и мора да биде приоритет во овој мандат, бидејќи тој дојде кај нас во куќите и ни ветуваше, а сега тој не се согласува со тоа, рече еден локален жител.

Од друга страна, Рамирез во изјавата посочи дека имал средба со претставниците на општините, но не спомнал врзување за дрво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.