Лони Вилсон и Џереми Џексон биле во брак од 2012-та до 2014-та година, а нивниот брак завршил по многубројни караници. Некогаш работела како манекенка и уживала во луксузниот живот, но Лони Вилсон, сопругата на поранешната ѕвезда на „Baywatch“, Џереми Џексон, сега е бездомничка и јаде храна од контејнери.

Таа исчезнала пред две години, а сега се појавила по улиците на Лос Анџелес и одвај кој ја препознал. Изгледа целосно постаро и тешко е да се погоди дека станува збор за жената од 37 години.

Вилсон во петокот во Лос Анџелес одела со количка полна со облека, торба во која што се наоѓала перница. Во устата имала цигара, а нејзината руса некогаш долга коса сега е кратка и ишарана со розови прамени.

Лони на себе имала неколку слоеви облека и носела карирана кошула, а била забележана како од контејнерите зема храна која што ја пронашла внатре.

Инаку, поранешната манекенка од 2012-та до 2014-та година била во брак со Џереми, а потоа во 2018-та година исчезнала, кога нејзините пријатели се обиделе да ја убедат да оди во клиника за одвикнување и да ги реши своите ментални проблеми.

„Не сум разговарала со Џереми. Не сакам да зборувам со своите пријатели, добра сум. Не сакам никој да ми помогне. Можам сама да се снајдам, имам се што ми треба тука“ – изјавила Лони за „The Sun“.

„Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Набавувам пари некогаш и имам храна во контејнерите во близина на маркетите. Има многу работи тука“ – истакнала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.