Популарниот брачен пар Дејвид и Викторија Бекам сака да направи подземен тунел, кој би ја поврзувал спалната соба до нивната гаража со луксузни автомобили. На овој начин би имале „план за бегство“ доколку им биде загрозена безбедноста.

Освен тоа, тие го замолиле и општинскиот совет да им обезбеди „сигурносна колиба“, односно место каде би можеле да се сокријат откако ќе побегнат. Куќата на Бекамови која е нивното „карантинско засолниште“, вредна е 8 милиони долари. Во склоп на истата се наоѓаат тениски терен, куќа на дрво и базен.

Предложениот проект вклучува тунел кој би бил изграден под куќата и би ги поврзувал спалната и гаражата“, пишуваат странските медиуми.

Во последно време се случиле неколку грабежи во куќи на познатите личности, а најпознат е случајот кога фудбалерот Деле Али бил ограбен под закана со нож во северен Лондон, па можеби и е разумно што семејството Бекам се грижи за безбедноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.