Бебињата развиваат смисла за хумор во првите неколку години од животот, покажува ново истражување што опфатило околу 700 бебиња од целиот свет, а е објавено во списанието „Бихејвиор рисрч методс“ (Behavior Research Methods).

Тим истражувачи од Универзитетот на Бристол откриле дека бебињата уживаат во хуморот заснован на различни активности, како – скокоткање, сокривање и покажување, кривење на лицето и зборување со „чуден глас“… Во истражувањето се заклучува дека социјализацијата е клучна за развивање смисла за хумор, а помага и во подобрување на другите мозочни вештини, како што е имагинацијата.

Д-р Елена Хоичка смета дека смислата за хумор е сложен процес што се развива во првите четири години од животот.

Со оглед на универзалноста и важноста на хуморот во животот на децата и возрасните, важно е да се развијат алатки за да се утврди како првично тој се развива, за да можеме да ја разбереме не само појавата на смеењето, туку и како тоа може да им помогне на младите кога станува збор за менталното здравје – појаснува Д-р Хоичка.

Според тоа, бебињата под една година сакаат да ги гледаат реакциите на другите луѓе, на пример кога некој ќе се исплаши и слично. Двегодишните деца се заинтересирани за тн. „бесмислен“ хумор – реченицата „Кучето му кажува“ итн. Тригодишните деца сакаат игри со зборови, трикови, но и погрдни зборови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.