По 100 дена поминати во брак со саканиот Ричард Купер, 21-годишната Моли Кларк од Северна Ирска го пријавила својот сопруг во полиција затоа што открила дека тајно снимал деца и жени во тоалет во ресторани.

Моли раскажала дека била шокирана од снимките кои ги открила на неговиот телефон.

Како што пишува британски „Мирор”, таа го отворила неговиот телеон бидејќи се посомнеала дека ја изневерува, но потресена веднаш го фрлила телефонот кога ги открила снимките од тоалетите каде што нејзиниот сопруг работел.

Подоцна открила дека Купер (25) и неа тајно ја снимал во тоалетот на нивниот дом, пред да почне да работи во ресторанот.

На фотографиите кои ги пронашла се дете од пет-шест години, тинејџерка и мајка која менува пелена на своето бебе.

Побеснала кога ја одбегнал затворската казна, а осуден е на две години условна казана.

Сфатив дека мажот за кого се омажив и не постоел. Не го познавав. Беше лажго, живееше двоен живот и се надевам дека никогаш повеќе нема да го видам, рекла Моли за “Mail-online”.

Меѓутоа, како ја одбегнал затворската казна, се плаши дека би можела да налета на него на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.