Повозрасна жена „се врати од мртвите“ по цела ноќ мината во мртовечница во помало место во Курската Област, во западна Русија, што секако, ги изненадило болничарите и одговорните во здравствената установа.

Зинаида Кононова (81) била прогласена за мртва по операцијата на дебелото црево. Сепак, седум часа подоцна, околу 8:00 часот наутро, вработена во мртовечница била вџашена кога ја видела старицата како лежи на подот.

И возачот на брзата помош се изненадил кога ја слушнал болничарката како повторува: „Бабо, легнете, бабо, останете мирни“… Кога се разбудила на масата за обдукција, жената се обидела да се исправи, но тогаш паднала на подот.

Зинаида е пренесена во одделот за интензивна нега во болницата и нејзиното семејство било известено оти таа е жива и дека настанала грешка. Новиот извештај говори дека старицата била клинички мртва 15 минути, а потоа „буквално се вратила од оној свет“. Во меѓувреме, таа е пренесена во друга болница, во градот Курск за натамошно лекување.

Семејството планира да ја тужи болницата во Горшеченскиот Округ. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.