На социјалните мрежи е споделен апел за помош на семејството на баба Марица, на кое му се потребни материјали за изградба на тоалет, кој подоцна самите ќе го уредат.

Потребни се: плочки, лепак, лавабо, туш кабина, вц школка, цевки…

Оваа прекрасна бабичка е Баба Марица. Баба Марица е синоним за храброст! Таа се грижи за своите внучиња кои мајката ги напушта многу мали. Девојчето има попреченост, но баба Марица никогаш не се откажа од неа. Секојдневно ја носи во посебно училиште за деца со попреченост кое е одалечено 14 км од селото каде што живеат..Менува 4 автобуси секојдневно. А во меѓувреме се грижи за својот неподвижен сопруг, за својот син и внуци, за домаќинството, за тоа да не ја изгубат надежта! Баба Марица е скромна жена, со нелагодност ја прифаќа нашата помош. Овој пат не замоли ако можеме да и го направиме тоалетот, за да не ги бања дечињата во корито во дневната соба и да не излегуваат во полското вц навечер. Ни требаат материјали, синот сам ќе се погрижи да го уреди!
(плочки, лепак, лавабо, туш кабина,вц школка, цевки)
Баба Марица
Мајка, жена, баба, кралица!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.