Британскиот производител на автомобили Јагуар Ленд Ровер (ЈЛР) откако забележа намалување на продажбата во Европа и Кина, ги затвори своите фабрики на една недела. Таквата одлука, како што пишува весникот „Гардијан“, е дел од подготовките за излез на Велика Британија од ЕУ.

Засега затворени се четири британски фабрики, во кои работат вкупно 18.500 луѓе.

Најголемиот британски производител на автомобили има обичај да го прекине производството во пресрет на Велигден, но оваа година тоа го направи една недела порано. Работниците во фабриките на ЈЛР и во текот на овие три недели, колку што ќе бидат затворени, ќе добиваат плата, но сите тие часови ќе мора да ги надополнат.

Покрај затворањето на фабриките, компанијата поради лошите бизнис резултати предизвикани од Брегзит, почна да им дава откази и на своите работници.

Во минатата фискална година ЈЛР продаде 578.915 свои возила, што претставува пад од речиси шест отсто, додека само во март продажбата се намалила за 8,2 отсто во споредба со истиот период минатата година.

ЈЛР ширум светот има 40.000 вработени, а ќе отпушти 4.500. Најголем број од отпуштените ќе бидат вработени на менаџерските позиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.