Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, во четвртокот објави дека земјата ќе воведе нови мерки во обид да го спречи ширењето на коронавирусот во услови кога земјата регистрира нов пораст на инфекциите.

Курц истакна дека бројот на случаи е двојно зголемен во текот на последните две недели и истакна дека владата мора да реагира со цел да се избегне повторна блокада.

Новите ограничувања ќе стапат на сила во понеделник и ќе вклучуваат забрана за групирање на над 10 лица во затворен и над 100 лица на отворен простор. Понатаму, маските за лице ќе бидат задолжителни на отворените пазари, како и во кафулињата и рестораните, освен ако гостите не седат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.