Мал авион кој превезувал 400 килограми кокаин се урна во централно Мексико, во обид да избега на хеликоптерите на мексиканската армија.

Министерство за одбрана објави дека воените хеликоптери го пресретнале авионот откако влегол во воздушниот простор на Мексико и го следеле сè додека не останал без гориво и се урнал недалеку од градот Ботиха, пренесува Танјуг.

Две лица загинале во авионската несреќа, објави Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.