Археолози пронашле скаменети остатоци од коњ, поточно потковица и седло, во штала на древна вила во близина на Помпеја.

Директорот на археолошкиот парк во Помпеја, Масимо Остана, за италијанската агенција „АНСА“, рекол дека вилата му припаѓала на високо позициониран римски воен претставник, можеби дури и генерал.

Тој додал дека биле откриени и остатоци од уште два или три коњи.

Помпеја е уништена после ерупцијата на вулканот Везув, во 79-та година, кога починале 16.000 жители, а Остана смета дека коњите настрадале поради гушење од вулканската пепел или од жешка пареа.

Осана се надева дека вилата ќе биде отворена за јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.