Поради падот на температурите на воздухот на планинските места во текот на ноќта имаше и поинтензивни снежни врнежи, па така на скијачкиот центар Попова Шапка дојде до значително зголемување на снежната покривка и во моментов таа изнесува над 10 сантиметри.

Конак Попова Шапка на својата фејсбук страна објави две фотографии на кои е прикажана снежната бајка.

Снежните врнежи продолжуваат со зголемен интензитет.

Времето денеска во целата земја ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 15 Целзиусови степени, Крива Паланка 10, Берово 9, Маврово 4, Кавадарци 15, Охрид и Битола 11, Дојран 16 степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 17 степени, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Маврово 9, Охрид 13, Битола 14, Дојран 18.

Од среда се очекува сончево и потопло време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.