На социјалните мрежи е објавен апел за помош на 25-годишното момче Андреј, кому му е дијагностициран тумор на мозокот.

На Андреј треба да му биде извршена хируршка операција за отстранување на туморот, но на неговот семејство му е потребна финансиска помош за операцијата.

Браќа и сестри, Андреј е 25 годишно момче пред кој престои цел живот… За жал, на Андреј му е дијагностициран тумор на мозокот и моментално се наоѓа во Истанбул каде што треба да се изврши хируршка интервенција за отстранување на туморот, но интервенцијата чини 20.000 евра. Реално, ако се вклучиме сите, овие средства можеме да ги собереме за 24 часа и со тоа да спасиме уште еден млад живот…

 

Можете да свртите на броевите

 

143 112 т мобиле

 

143 555 А1

 

или да донирате на fundraiser страницата која ја отворија неговите родители.

 

Апелирам и замолувам да донираме… Да му дадеме шанса на Андреј да живее!
Бог да ве благослови!!! – се наведува во апелот за помош.

ЛИНК за донација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.