Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби доби донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000 евра од компанијата АПЕКС Македонија, со што се заокружи циклусот на донации на оваа клиника со вкупна вредност од 40.000 евра.

Оваа донација е дел од хуманитарната кампања на компаниите членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кои реализираа низа активности со цел да помогнат на здравствениот систем кој е соочен со борбата против пандемијата од КОВИД-19 вирусот.

Веруваме дека дезинфекционите средства како и болничките кревети кои беа донирани минатата недела во Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, ќе помогнат полесно да се одвиваат секојдневните обврски на здравствениот и техничкиот персонал во оваа клиника и да се одржат соодветните услови за нашите граѓани кои се борат со овој немилосрден вирус, велат од АПЕКС.

Циклусот донации на АПЕКС Македонија и Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), чија вкупна сума изнесува 200.000 евра, продолжуваат во наредниот период.

Комерцијален текст

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.