Во интервју за „Би-би-си“ актерката Анџелина Џоли, која е специјален пратеник на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации и води активни кампањи одговараше на низа чувствителни прашања како мигранти и сексуално насилство.

На прашањето дали еден ден би се кандидирала за претседател на САД , таа одговори: Да ме прашавте пред 20 години , ќе се насмеев. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна, не знам дали сум способна за политика …но тогаш се пошегував и дека не знам дали имам костур во плакарот.”

Во можност сум да работам со влади, а исто така и со војски ,така што сум на многу интересна позиција и можам многу да направам”, изјави актерката.

На сугестијата дека би можела да се најде на листата меѓу 30 или 40 кандидати на Демократите за претседател на САД, таа не негираше, туку се заблагодари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.