Една од најпознатите холивудски актерки, Анџелина Џоли, испрати порака до сите жени што се исплашени дека во претстојните празници можат да доживеат злоупотреба и смејсно насилство поради пандемијата на корона вирусот, која ги затвори луѓето меѓу четирите ѕида од нивните домови.

Во склоп на задолженијата во ОН, но и по повод кампањата „16 дена активизам“, во интервју за „Харперс Базар“, актерката порача дека секоја жена треба да разговара за своите проблеми со оние на кои им верува, но и да се обиде да најде нови луѓе, кои во таквите ситуации можат да и пружат помош, со цел да се заштити себеси и децата од потенцијална злоупотреба.

На пример, може со пријател или со член на семејството да договорите шифра, со чие изговарање ќе им дадете до знаење дека ви е потребна помош. Жално е да се каже, но не можете да претпоставите дали секогаш пријателите или семејството ќе ви веруваат и ќе ви пружат поддршка. Чести се ситуациите кога помагаат странци. Или други жртви, групи за поддршка – изјави Џоли и додаде дека жените мора да бидат внимателни во такви ситуации, бидејќи само тие знаат во каква опасност се и кому можат да веруваат.

Џили има совет и за луѓето на кои ќе им се обратат жртвите на семејно насилство:

Обидете се да ги сфатите сите емоционални, финансиски и правни притисоци со кои тие лица се соочуваат, а веројатно имаат доживеано и трауми. Ако мислите дека некој ваш близок е во такви проблеми, пробајте да им бидете поддршка и покажете им дека сте тука за нив – порачува актерката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.