Убавата Анџелина Џоли гостуваше во интервјуто за британското издание на магазинот „Гламур“, и во самиот почеток на разговорот откри дека со години се борела со тоа како да се соочи со критиките и како да биде понежна кон самата себеси.

Чувствувам како целиот мој живот да сум опкружена со критики и со осудувања“, актерката кажа на самиот почеток.

Во интервјуто, кое го даде заедно со својата ќерка во филмот „Лошата самовила“ Ела Фенинг, филмската дива призна дека токму ликот на вештерката многу и’ помогнал во самооткривањето.

Исклучително ми е важно што филмот зборува за самопомошта, за барањето на самата себе, како и за тоа дека мора да си останеш верен себеси, без разлика како те гледаат другите или како се чувствуваш. Кога ги гледам луѓето како се преправаат дека се нешто што не се, кога нешто глумат, чувствувам дека се задушувам, свесна сум дека не можам да дишам. Луѓето премногу се преправаат и тоа е страшно. За среќа, јас не сум била во таква ситуација, па не би требало да се жалам“, рече актерката, и додаде: „Во еден миг сите доаѓаме до точката кога болката или загубата се неиздржливи и кога или се’ ќе ти тргне надолу или ќе се дигнеш на нозе и ќе продолжиш понатаму.“

 

А еве што вели Анџелина за самокритичноста…

Бев доста чудна додека растев, поинаква од другите. Никогаш не бев популарна, ниту, пак, посакував да бидам. Никогаш не барав одобрување, веројатно затоа што мајка ми беше силна жена која ме обожаваше. Кон себеси сум доста самокритична, понекогаш и преостра, често се прашувам дали сум доволно добра мајка, личност… Но добро знам дека секоја ноќ кога ќе си легнам во креветот длабоко во себе знам која сум, знам дека сум добар човек кој им посакува добро на луѓето. А моите деца? Тие ќе ви кажат дека сум итрица“, призна холивудската актерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.