Ларис Гаисер е авторот на статијата поткрепена со видео и аудиуо снимки на кое се гледа како Зоки Кичеец и Боки 13 земаат 1,5 милиони евра, пари со кои си ја платил слободата бизнисменот Орце Камчев.

Гаисер е роден во Птуј, Словенија, а во неговото си-ви стои дека е геополитички аналитичар, менаџер и економски консултант. Тој особено аналитички ја следи состојбата во Македонија од 2016 година и свртува внимание на важноста од владеењето на правото, објави Пресингтв.

Со диплома од геополитичка економија се стекнал на Универзитетот во Верона, а специјализирал на Политехничкиот универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Реал политиката е неговата ориентација, а во анализите во фокусот се националните интереси како основа на надворешната политика и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.

Гаисер, исто така, е советник на влади и на различни политички организации и е предавач на Универзитетот во Џорџија. Раководел со одделот за финансии на Евро-медитерантскиот универзитет – ЕМУНИ, во Порторож, а бил и советник со словенечкото МНР. Во 2015 година бил избран во претседателството на Паневропската унија со седиште во Стразбур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.