Германскиот фудбалер, 35-годишниот Бастијан Швајнштајгер и официјално ја извести јавноста дека се повлекува од фудбалот и се пензионира, а во таа прилика, неговата сопруга, поранешната српска тенисерка, 31-годишната Ана Ивановиќ, на својот фејсбук профил испрати емотивна порака за крајот на еден животен век.

Честитки за исклучителната кариера, љубов моја. Не можам да дочекам да ги видам сите нови авантури што го чекаат во иднина нашето мало семејство. Денес сум многу горда на тебе, ве сакаме  – напиша 31-годишната сопруга подолу со слика со својот сопруг.

Многу навивачи наскоро му честитале и на Бастијан за неговиот фудбалски успех и му го посакале истото во иднина.

Парот е во врска од 2014 година, а во 2016. година, застанаа пред олтарот. Минатиот март, го добија син, Лука, а на почетокот на минатиот месец семејството стана поголемо за друго момче, кое го именуваа Леон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.