38-годишниот принц Вилијам, изгледал уморно и бледо во последно време, наводно, како резултат на тешка болест која му беше дијагностицирана неодамна откако беше тестиран на корона-19 – тврди магазинот „National Enquirer“ во новото издание.

Лекарите открија дека тој страда од редок вид на рак во напредна фаза, кој расте во неговото тело веќе три години. Добро информиран анонимен извор од дворот открил дека принцот Чарлс бил уништен од веста, но за тоа молчел, заедно со кралското семејство. Тие сакаат тоа да го сокријат од јавноста исто како што со месеци успеаја да ја сокријат веста дека принцот Вилијам се заразил со инфекција на коронавирус уште во април.

Веста дека уште еден член на кралската круна страда од редок вид на рак, кој тешко ќе се лекува, бидејќи не бил откриен на време, го потресе дворот, но најмногу 38-годишната сопруга на Вилијам, Кејт Мидлтон и децата, седумгодишниот принц Џорџ, шестгодишната принцеза Шарлот и двегодишното дете принцот Луис. Кејт целосно се распаднала кога слушнала, тврди изворот и не ја напуштила куќата пет дена.

Вилијам ја уверува дека ќе го победи ракот со помош на најдобрите лекари и дека не се грижи, но Кејт се плаши од најлошото и сака да го искористи секој момент со сопругот, рекол изворот.

Свесна дека животот на нејзиниот сопруг е во опасност, Кејт започна да го убедува и охрабрува Вилијам да се смири и да ги поправи односите со Хари и Меган Маркл, додаде изворот, но нејзините обиди не успеаја да најдат плодна почва.

Иако е свесен дека може да не ја преживее битката пред него, Вилијам сè уште не може да престане да му замерува на својот помлад брат за предавство на кралското семејство и бегство во САД, рече инсајдерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.